Тренерот на Челзи, Френк Лампард ги сумираше впечатоците од средбата во првото коло на шампионатот во Англија против Брајтон (3:1).
– Голот на Џејмс ме натера да станам, ни требаше, во тој период не бевме на исто ниво. Мислев дека сите сме во ред. Ако го анализирате фактот дека бевме заедно како тим само четири дена, тешко е да се очекува дека сè ќе функционира во првото коло. Покажавме решеност, иако со ваква игра можевме да изгубиме бодови минатата година.
Ми се допадна Хаверц. Има многу што да покаже, имав увид во тоа за што е способен. Неговиот квалитет ќе дојде до израз. Тимо Вернер има глад да постигнува голови и да биде немилосрден, потенцира Лампард.
Во следното коло Челзи ќе игра со Ливерпул на 20 септември.