На 8 февруари 2024 ја прашав министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојческа кога распиша тендер за реконструкција на Универзална сала, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и ги посочува поставените прашања и дилеми.

На сајт за јавни набавки, ваква набавка министерството нема. Која фирма ја избрале за изведувач и како? Кој е и како го избрал надзорот?https://www.facebook.com/share/p/ZcMEASQSsfCdhdUm/?mibextid=oFDknk

На 16.02.2024 кога се пофали Бисера дека почнале со градба и го кажав следново:

https://www.facebook.com/share/p/Su7fAy2jcbBnPGK1/?mibextid=oFDknk

Од кога пред неколку дена Бисера ,,свечено” стави купола, за да вчера 8.04.2024 градежните фирми во државава реагираат на условите кои министерство за култура ги бара за ИЗВЕДУВАЧ. Замислете ИЗВЕДУВАЧ, а салата се гради!
И денес сум гневна! Многу гневна за неодговорноста на Бисера! Денес, кога Универзална сала гори, повторно, еве за прв пат потенцирам, пратеник актуелен во Собрание на Р. Македонија јавно прашувам: Дали универзална сала е ОСИГУРАНА? И кој ќе сноси одговорност за ова за ова денес што се случи?!
Замислете, Владата презеде објект од локална власт и со одлука го даде на МК. Ова е башибозук од невидени размери!
Денешниов пожар бара РЕВИЗИЈА и ОДГОВОРНОСТ!, пишува Лашковска на Фејсбук.