Пратеничката од на ВМРО ДПМНЕ Благица Ласовска, на денешната собраниска седница побара јавноста да добие одговор кој прислушкуваше во Република Македонија.

Таа рече дека СДСМ дојде на власт, објавувајќи прислушувани разговори, и дека граѓаните бараат да дознаат официјално кој прислушувал во земјава.

Со тн. бомби на Зоран Заев, кои потоа станаа бомби на СЈО, беше срушена легално избраната власт во Република Македонија, а подоцна беше сменето и уставното име на државата. Сега смената на името продолжува и на сите државни институции.

Токму затоа Ласовска побара граѓаните да дознаат кој всушност прислушувал, а сега веќе е јасно за која цел тоа било правено.