ЛАСОВСКА ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Пандорината кутија отворена во Преспа, сега е доотворена со ударот на Илинден и НОБ

/ 30.11.2020

Темелите на државноста на Република Македонија се илинденците и народноослободителната борба на партизанското движење АСНОМ. Никој нема право да ги негира овие историски факти, а најмалку оној кој треба да го води македонскиот народ кон подобра иднина, ова вечерва на протестот во Свети Николе го истакна Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалозните изјави на Зоран Заев, во она срамно и понижувачко интервју ја доотворија Пандорината кутија која што ја отвори со Преспанскиот договор. Неговото срамно хазардерство го понижи македонскиот народ и храброста на загинатите борци од Народноослободителната борба. Нивната крв и солзи се уште течат во жилите на родната грутка за која не жалеа да загинат со аманет за нас,што  сеуште како ехо одѕвонува при секој шум при секој здив на ветерот, со секоја воздишка што се откинува при секое сеќавање за нив. И вели, Македонци чувајте ја Македонија, никој не ти даде мандат да се коцкаш со најсветото. Нема да трпиме компромиси, затекнатост, неспособност и дволичност. Во сегашноста, без иднина вие и историјата за закопавте и ја погазивте. Никаде во светот нема да најдете пример каде граѓаните се братнат и срамат од својот премиер во неговите анти-државни постапки. Секој граѓанин очекува одбрана на националната чест и достоинство, вели Ласовска.

Таа додава дека се вклучија неговите блиски во одбрана на неодбранливото. Никаква придобивка не е зачувување на нашето самоопределување, тоа треба да се подразбира. Има работи за кои не се ни помислува да се стават на маса.

-Згрозени сме како граѓани да се преговара за историско-политичката генеза и континуитет на македонскиот народ. Навистина неочекувано, но за жал срамно е ова однесување на премиерот и неговата екипа. Прифаќањето на негационизмот и ревизија дека Бугарија од 1941 година до 1945-тата година биле окупатор, сојузник на Оската, протерувач на македонските евреи ужасен , трагичен целосно извртувачки момент на светската историја, а се нашол Заев да ја менува. Оваа Влада на чело со Заев ја прели чашата, затоа оваа борба мора да продолжи, заедно сите, целиот народ, не е време за партиски препукувања, време е за национално обединување. Нашите барања се јасни и прецизни. Веднаш неотповиклива оставка на оваа Влада, на чело со Зоран Заев. Формирање на Влада на национален спас, составена од експерти, како и обединување на целиот макеодонски народ и сите граѓани кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и останатите. Зачувување и одбрана на македонската држаност, рече Ласовска.

Таа додава дека апелирам до меѓународната заедница, за поддршка и почитување на европските основни и елементарни вредности. Апел до источниот сосед, европска вредност е да се извините за тој дел од историјата, како пто тоа го направи германскиот канцелар Вили Бранд.

-Тука не станува збор за идеолошка заслепеност, како што релативизаторите сакаат да го прикажат, туку порив за почитување на историската вистина, историскиот континуитет и колективната меморија. Да ги почитуваме предците, кои го дале својот живот за слободна и независна и суверена Република Македонија. Да сте живи и здрави, да живее Македонија!, истакна Ласовска.

 


Од истата категорија