Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика денеска на итен прекин на огнот во Нагорно-Карабах и рече дека Москва е подготвена да помогне да се најде излез од конфликтот преку ОБСЕ.
Лавров на својот колега од Ерменија му рекол и дека Русија е загрижена поради зголемувањето на бројот на жртвите во конфликтот што избувна на крајот на септември, напиша тој на својата веб-страница.
Азербејџан соопшти дека ерменските сили биле насочени кон градот Гања и дека еден цивил е убиен во нападот, а четворица се ранети, и се закани дека ќе возврати со уништување на воени цели во Ерменија.