Повеќе од 100 лица беа уапсени за време на протестите на опозицијата во Белорусија, соопшти Центарот за човекови права „Весна“.

Списокот на притворени постојано се ажурира и сега на него има 103 имиња, пренесува ТАСС.
Меѓу приведените има и неколку новинари и опозициски политичари.

Претходно денеска полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа на улиците во Минск.

Протести во Белорусија се одржуваат од претседателските избори на 9 август, кога според официјалните податоци победи долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, додека опозицијата тврди дека изборите биле наместени.