Воено-биолошките активности на одделни држави вон нивните територии придвижуваат сериозни прашања во врска почитувањето на Конвенцијата за забрана за биолошко и хемиско оружје. Тоа денеска го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на семинар за националната примена на таа Конвенција.
Тој изјави дека биолошката безбедност и понатаму е актуелно прашање укажувајќи на прекуграничната природа на биолошките закани, потенцијалната злоупотреба на биотехнологијата и можна употреба на биолошки агенси и токсини како терористичко оружје.
Лавров додаде дека воено-биолошките активности на одделни држави надвор од нивната територија што се спроведуваат под изговор на соработка, претставуваат сериозно прашање во врска со почитувањето на Конвенцијата. Лавров оцени дека напорите за универзализација и јакнење се потребни повеќе од кога било претходно.
Како приоритети на Русија ги наведе изработка на универзално, правно обврзувачки протокол со Конвенцијата, со ефикасен механизам на верификација, како и исполнување на обврските на државите потписнички. Тој додаде дека Русија се залага за воспоставување систем за процена на научно-технолошкиот напредок во биолошката област и контрола на истражувања.




