Претставници на Европската Унија ѝ порачаа на Украина да очекува напредок во донесувањето закони насочени кон ограничување на сивата економија, зголемување на даночните приходи и усогласување со законодавството на ЕУ пред да одобри дополнителна буџетска помош за Киев, објави Блумберг.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а извор запознаен со разговорите го опиша состанокот како „тензичен“.

Украина побара помош од своите сојузници за покривање на неочекуван буџетски дефицит од околу 26 милијарди евра и ја повика ЕУ да го забрза плаќањето на заемот од 90 милијарди евра, потсетува Блумберг.