Првата анализа на селекторот Кирил Лазаров по премиерниот меч на ЕП во ракомет на нашата репрезентација беше позитивна, но со доза на жал за пропуштената шанса.

„Горд сум како го одигравме натпреварот, со оглед што Словенија има ракометари кои играат во најдобрите тимови во Европа. Сепак, разочаран сум затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод. Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Се обидов да ги убедам моите ракометари, но на крај не успеав во тоа. На вистински пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари до крајот на првата фаза. Секој натпревар е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме сѐ подобри и подобри“, истакна селекторот.