Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да делувам независно во Собранието. Либерално-демократската партија е независен политички субјект, а до локалните избори има уште многу време. За понатамошните чекори и за тоа како ќе делува ЛДП ќе одлучуваат партиските органи, вели за МКД, Зајкова.
Претходно вечерва ТВ 21 повикувајќи се на партиски извори пренесе дека лидерката на ЛДП, Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ иако не се знае дали ќе ѝ се приклучи на владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Независен коалиционер е политички неологизам и оксиморон сличен на чесен крадец и црно белило, не може истовремено да коалицирате, а да дејствувате независно. По логиката на нештата, ако сте независен, не сте во коалиција т.е. не сте заедно со некого и не дејствувате заедно, туку самостојно. Така барем вели контрастот на поимите независен и коалиција, меѓу друго и чистата, здраворазумна логика.
Истовремено, помалку симптоматично, Зајкова излезе јавно со став дека одложени уставни измени треба да бидат натпартиски став, контрирајќи им на СДСМ, паралелно со осуда на писмата на Ахмети и неговото дејствување и најава за протести.