Шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриен синоќа како сериозна криза го оцени раскинувањето на австралискиот договор за набавка на подморници од неговата земја, што, наводно, е дел од новото стратешко партнерство САД-Обединетото Кралство-Австралија.
Тој за француските медиуми раскинувањето на договорот го оцени како лага, лицемерие и презир кон сојузниците на Франција.
Запрашан за враќањето на консултации во Париз на француските амбасадори од Канбера и Вашингтон, Ле Дриан рече дека тоа е сериозна криза и додаде дека не било неопходно на консултациите да се повика и амбасадорот во Лондон.
-Ние го знаеме нивниот британски постојан опортунизам, иронично рече францускиот министер неколку месеци откако Велика Британија се повлече од членството во Европската унија.
САД, Велика Британија и Австралија неодамна објавија ново стратешко партнерство во Азиско-пацифичкиот регион, што значеше раскинување на договорот за испорака на француски подморници во Австралија.
Договорот, кој беше потпишан во 2016 година и вклучуваше купување на 12 подморници, а беше во вредност од 56 милијарди евра.