ЛЕБ И ИГРИ: За учениците нема учебници ама има дојави за бомби, за народот нема леб ама за власта на СДСМ и ДУИ има тендери

/ 03.03.2023

Власта предводена од СДС и ДУИ се заборави од местење тендери и терање на криминални зделки, а народот го остави на страна и без леб.

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-За учениците нема учебници, ама во училиштата има дојави за бомби, или оваа власт е училиштен пример за тоа како не треба да се постапува. Власта не успева да се организира буквално за ништо кога станува збор за граѓаните, организацијата им е добра само за тендери и бркање профити на поединци. Граѓаните во меѓувреме страдаат. Криминалните политики на СДС и ДУИ ги уништуваат граѓаните, животниот стандард. Во Македонија инфлацијата руши рекорди, цените секој ден се се повисоки, реалната плата се намалува, пензиите исто така, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Ковачевски треба да си ја собере својата екипа и да заминат, само така може да сопрат криминалните политики.


Од истата категорија