Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, смета дека раководството на НБА лигата ги презема сите неопходни мерки за успешно завршување на сезоната во Орландо.

– Сигурен сум дека НБА и Адам Силвер ги презедоа сите мерки на претпазливост за да се осигураме дека сме во максимална безбедност. Се разбира, може да се појават проблеми, но ние ќе ја преминеме целта, дури и ако нешто се случи, изјави Леброн.

Во Орландо на крајот на месецот 22 екипи по скратен систем ќе ја доиграат сезоната 2019/20 прекината во март поради пандемијата на коронавирус.