Во прекрасна атмофесра во Минхен, во второто коло од СП во ракомет, македонската репрезентација го совлада Бахреин со 28:23.

Нашата победа не беше доведена во прашање во ниту еден момент, освен на средината на првото полувреме кога Бахреин по нашето водство од 6:2 го изедначи резултатот на 7:7. Сепак, македонските репрезантативци бргу се вратија во игра и првото полувреме го завршивме со водство од 12:8.

Второто полувреме помина во рутинска игра во која ја зачувавме предноста, а впечаток е дека нашите репрезентативци не играа со целосна сила.

Следниот натпревар го играме утре. Противник ни е Хрватска, а мечот започннува во 18 часот.