Утринава од аеродромот во Скопје голем број македонски навивачи тргнаа за Букурешт со два чартер летови.
Како што објави порталот Спорт 1, Македонската фаланга денеска ќе се зголеми во романскиот главен град, пред натпреварот со Австрија, што почнува во 18 часот.
Поддршка за македонската репрезентација даваат и пилотите на авионите со кои Македонците заминаа за Букурешт.
Тие од пилотската кабина ги развиорија старите знамиња на Македонија со сонцето од Кутлеш.