Левица дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со воведување на една изборна единица објавија од партијата.
– Во Собранието на Република Македонија беа поднесени измените во Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кои се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во парламентот.
Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите.
Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение.
Потсетуваме дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон, се вели во соопштението од партијата.