Во квалификациите од Конференциската лига, скопски Шкупи вечерва во Скопје загуби од софиски Левски со 2:0 во првиот натпревар меѓу двата тима.

Првиот гол за Левски го постигна Велтон во 31 минута, а во четвртата минута од судињкото продолжение во второто полувреме, на 2:0 за Левски зголеми Роналдо.

Наатпреварот мина во сенка на инцидентите пред неговиот почеток, кога девет навивачи на Левски беа приведени, а еден од нив прободен со нож во Чаир по што е пренесен во болница и е во стабилна состојба.