Мисијата на Обединетите нации во Либија синоќа изрази загриженост за конфликтот во Триполи, по жестоката ноќна размена на оган меѓу милициите.

Либија повторно е поделена меѓу ривалските влади, од кои едната е со седиште во Триполи, и покрај повеќе од една година пробни чекори за обединување.

Причина за конфликтот во приморскиот град Трипли ноќта меѓу петокот и саботата е нејасна. На видеата на социјалните мрежи се гледаат семејства со деца како се засолнуваат и бегаат додека артилерискиот оган го осветлува небото во текот на ноќта. Некои ги обвинија двете моќни градски милиции за судирите.

Во соопштението, мисијата на ОН наведува дека конфликтот им се заканува на цивилите и ги повика Либијците „да направат се што е можно за да ја зачуваат кревката стабилност на земјата во овој чувствителен момент“.

Либија со години е поделена меѓу ривалските сили од истокот и западот на земјата, секоја поддржана од различни добро вооружени милиции и странски влади. Либија е во состојба на државен удар по бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, кога беше соборен долгогодишниот диктатор Моамер Гадафи.

Планот за постигнување избрана влада пропадна откако привремената администрација со седиште во Триполи, предводена од премиерот Абдул Хамид Дбеиба, не успеа да одржи избори минатата година.

Дбеиба оттогаш одбива да се повлече, поставувајќи прашања во врска со неговиот мандат. Како одговор, пратениците од истокот го избраа ривалскиот премиер, Фати Башага, моќен поранешен министер за внатрешни работи, кој сега раководи со специјалната администрација во близина на градот Сирт.

Во саботата, во телефонски разговор емитуван на телевизија, Дбеиба јавно повика еден моќен командант, кој ја предводи 444-та бригада, која и служи на неговата влада, да направи се што е потребно за воспоставување мир во Триполи.

Во низа „твитови“, неговиот ривал Башага ги повика вооружените групи да го предадат оружјето.

Минатиот месец Башага влезе во Триполи и се обиде таму да воспостави своја власт, но си замина по неколкучасовни борби во кои загина едно лице.