Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа телефонски разговарал со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за ситуацијата во Либија.

Макрон и Гутереш го „истакнале значењето од политичко решение на актуелната криза со почитување на хуманитарното право и резолуцијата на Советот за безбедност“, соопшти француското претседателство.

– Франција ќе продолжи да ги поддржува посредничките напори на Обединетите Нации во Либија, се истакнува во соопштението.