Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска  оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј, на која, како што соопшти партијата,  разговарале за актуелната политичка, економска и здравствена состојба во државава.

-Во текот на средбата претседателот Мицкоски истакна дека власта не знае да се справи со КОВИД-19 и поради нивната неспособност бројoт на заразени и починати е на многу високо ниво. Имено тој посочи дека во врска со пандемијата не се презема ништо и како на здравствен така и на економски план. Мицкоски укажа и на политичката состојба во која се наоѓа државата каде потенцираше дека криминалот, корупцијата се многу застапени и дека има селективно владеење на правото. Исто така тој кажа дека власта дели тендери на лица кои се блиски до власта и за тоа никој не одговара, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму дополнуваат дека  Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат државата на прав пат и ќе имаат влијание на членството во Европската унија.