Пари Сен-Жермен го совлада Анже (3:0) во 33. коло од францускиот шампионат. Стрелец на првиот гол беше Килијан Мбапе.

Така, 23-годишниот Французин стигна до бројката од 113 постигнати голови во Лига 1. Во овој показател се израмни со екс напаѓачот на парижаните Златан Ибрахимовиќ. На првото место е Единсон Кавани со 138 погодоци.

Мбапе оваа сезона забележа 40 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 32 гола и 22 асистенции.

За потсетување, во март Мбапе го престигна Ибрахимовиќ во головите за ПСЖ во сите натпреварувања.