Во фудбалската Лига на Европа синоќа се одиграа првите натпревари од полуфиналната фаза по кои Арсенал оствари капитал од два гола против Валенсија, додека Ајнтрахт и Челзи одиграа нерешено.

Резултати:
Арсенал – Валенсија 2:0
Ајнтрахт Франкфурт – Челзи 1:1.

На дуелот во Лондон стрелци за победничката екипа беа Александре Лаказет (два) и Пјер-Емерик Обамејанг, додека голот за Валенсија го постигна Диакаби.

На германско-англиската пресметка која заврши без победник двата гола паднаа во првото полувреме. Најпрво Лука Јовиќ му донесе водство на Ајтрахт, а пред паузата изедначи Педро.

Реваншите се закажани за 9 мај.