Бугарски Лудогорец е единствениот тим од оние што досега комплетираа по две кола во Лига Европа, откако вечерва како гостин го совлада унгарски Ференцварош со 3:0.

Лудогорец во двете кола собра 6 бода и има осум постигнати голови, со што е и најефикасен тим во ова натпреварување. Најинтересно и најнеизвесно е во групата Г, каде што сите четири тима (Феенорд, Јанг Бојс, Ренџерс и Порто) имаат по три бода.

Резултати: АЗ Алкмар – Манчестер јунајтед 0:0, Башакшехир – Борусија Менхенгладбах 1:1, Бешикташ – Вулверхемптон 0:1, Брага – Слован 2:2, ЦСКА Москва – Еспањол 0:2, Ференцварош – Лудогорец 0:3, Феенорд – Порто 2:0, Олександрија – Гент 1:1, Сент Етјен – Волфсбург 1:1, Волфсбергер – Рома 1:1, Јанг бојс – Ренџерс 2:1.