Фудбалската федерација на Португалија ќе добие 10,5 милиони евра награда од УЕФА за триумфот на националниот тим во првото издание од Лигата на нации.
Како што објави прес-службата на УЕФА, финалистот на турнирот, репрезентацијата на Холандија ќе добие девет милиони евра.
Третопласираната Англија заработи осум, додека на Швајцарија која го освои 4.место ќе и бидат префрлени седум милиони евра.
Во овие суми влегуваат и 4,5 милиони кои им беа гарантирани на учесниците на завршниот турнир во Португалија, како победници во четирите групи од А-дивизијата.