Десниот бек на Јувентус, Стефан Лихтштајнер, ќе премине во Борусија Дортмунд по крајот на сезоната. Швајцарскиот репрезентативец веќе објави дека го напушта Јувентус, а медиумите во Италија открија дека следната дестинација во неговата кариера ќе биде Бундеслигата.

„Калчомеркато“ тврди дека братот на дефанзивецот, кој исто така е и негов личен агент, имал успешни разговори со шефовите на Борусија. „Жолто-црните“ се обидуваат да го привлечат Лихтштајнер веќе две години, и нивните напори конечно вродија со плод.

Договорот на 34-годишниот играч на Јувентус е до летото, а во наредните денови тој ќе преговара за личните услови со Борусија.

Лихтштајнер помина седум години во Јувентус, а пред тоа играше за Грасхоперс, Лил и Лацио.