Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не сакаше да го коментира судењето во битката со Барселона (2:2), нагласувајќи дека средбата била тешка за судијата.

– Тоа беше тежок натпревар за судење. Јас нема да ги коментирам судиите. Видовме добра игра која на крајот заврши без победник. Не знам дали заслужено заврши со нерешен резултат. Оние кои дојдоа да видат добар натпревар мора да бидат среќни, рече францускиот специјалист по дербито на „Камп Ноу“.

Зидан ги смири навивачите, велејќи дека повредата на Кристијано Роналдо не е сериозна и тој не е загрозен за финалето во Лигата на шампионите.

– Мислам дека не е сериозно. Го очекува магнетна резонанца. Тој сепак не е во опасност за финалето. Сите ќе бидеме таму, додаде тренерот на „белите“.