Во пресрет на одбележувањето на 110- годишнината од независноста на Албанија, 28 ноември и денот на националното знаме, во Тирана за првпат се одржува заедничка седница на парламентите на Албанија и на Косово.
Пред пратеници прва се обрати Линдита Никола, претседателка на албанскиот законодавен дом која оцени дека Албанија и Косово треба да ја споделат одговорноста за трансформација на државните граници меѓу двете земји во формални нагасувајќи дека собирањето на сите Албанци во едно собрание некогаш „изгледало како сон“.
-Денес Албанија и Косово се две независни држави. Она што се случи на 28 ноември не беше се што сакаа Албанците, туку камен-темелник на кој ќе се гради иднината. Албанците станаа достојни граѓани на цивилизацијата на која и припаѓаат, рече претседателката на Собранието на Албанија.
Според неа предизвиците во 21 век се заеднички за сите Албанци.
-Денес Албанија е членка на НАТО и ги отвори преговорите за членство во ЕУ. Во овие децении бевме разделени со ѕид, но во центарот на нашата свест се имавме еден со друг. Ги кршиме суеверија и предрасуди. Нашите земји, општества а ресурсите се комплементарни. Економскиот и културниот развој го помага развојот на другите области, рече таа.
Додаде дека „оваа свест“ не е спротивна на ниту една друга заедница во регионот и Европа.
-Албанија и Косово мора да ја споделат одговорноста за трансформацијата на државните граници меѓу двете земји во формални. За тоа се одговорни нашите две собранија. Албанците, потомците на Мајка Тереза, ќе знаат да направат најдобро. Господ нека го благослови албанскиот народ, рече на крајот Никола.
Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца оцени дека 28 ноември е празник „не само за Албанија, туку и за Косово“.
-Најважниот ден на нашиот народ не поттикна да се собереме во Тирана, да ги поздравиме сите Албанци каде и да се, во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Бујановац, Прешево и Медвеѓа, но и во Грција, Италија и САД, рече тој.
Додаде дека 28 ноември ги носи сите заеднички стремежи, ја има потребната симболика за зачувување на најскапоцените спомени на Албанците и изјави дека е роден „големиот албански херој Адем Јашари, кој се жртвуваше со своите роднини во Преказ во борбата за слобода“.
Славната војна на нашиот народ го отстрани окупаторот и го отвори патот за прогласување независност, рече Коњуфца и ја обвини Србија дека се обидува да го „дестабилизира Косово и да го подели“.
-Единствената европска земја која останува поврзана со Русија е Србија, која се обидува да го дестабилизира Косово и да го подели. Србија ни се бори од внатре и однадвор, и колку сме поблиску еден до друг, толку полесно ќе ги заштитиме нашите националните интереси, порача Коњуфца.
Свечената седница продолжи со излагања на шефовите на пратеничките групи во собранијата на Албанија и Косово аќе се обратат и премиерите Еди Рама и Албин Курти.