Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција, информираа министерствата за одбрана на двете земји.

Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во својот воен буџет за годинава, поради тоа што војната во Украина ја зголеми безбедносната грижа во земјата, јави Гардијан.

– Литванија ќе купи 18 хаубици од типот „Цезар Марк II“. Тие значително ќе ги зајакнат одбранбените капацитети на литванските вооружени сили, напиша министерот Арвидас Анушаускас на Твитер.