Бранителот на шампионскиот трофеј во Премиер лигата, тимот на Ливерпул синоќа загуби од Брајтон со 1:0 во натпреварот од 22. коло. За „црвените“ ова е трет натпревар во низа на „Енфилд“ како не постигнуваат гол.

Ваква „црна“ серија Ливерпул на својот терен не бележи од октомври 1984 година. Серијата без голови на избраниците на тренерот Јирген Клоп на „Енфилд“ трае 348 минути.

На табелата во Англиското фудбалско првенство, по 22 кола Ливерпул е на 4. место со 40 освоени бода, седум помалку во однос на лидерот Манчестер сити.