Делириум на Енфилд! Во најголемото дерби на англискиот фудбал, повеќе од убедлива победа на Ливерпул над најголемиот ривал Манчестер Јунајтед.

Дуелот на двата најтрофејни клуба на Островот заврши со нереален резултат од 7:0!

Домаќините беа под многу поголем притисок затоа што ја сакаат четвртата позиција и пласман во Лигата на шампионите следната сезона, додека гостите со одличната форма во 2023 година се наметнаа на третото место зад Арсенал и Манчестер Сити.

Со оваа победа Ливерпул заостанува само три бода зад четвртопласираниот Тотенхем со одигран натпревар помалку.

Во следното коло избраниците на Јирген Клоп гостуваат кај Борнмут, додека тимот на Ерик Тен Хаг го пречекува Саутемптон.