Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, која е фаворит во трката да го замени Борис Џонсон на чело на владејачката Конзервативна партија и на премиерската функција, го откажа интервјуто за Би-Би-Си со образложение дека не можела да „одвои доволно време“, јави ДПА.
Интервјуто требаше да го води политичкиот новинар, ветеранот Ник Робинсон.
Би-Би-Си соопшти ека интервјуто, што требаше да се емитува денеска, било откажано бидејќи од тимот на британската министерка за надворешни работи им било кажано дека таа веќе не може да одвои време.
– Жалиме што не беше можно да направиме длабински интервјуа со двајцата кандидати, иако постигнавме договор за тоа, соопшти британскиот јавен сервис во твит.
Ривалот на Лиз Трас во трката за лидер на ториевцците, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, веќе беше интервјуиран од Робинсон претходно овој месец.
Таборот на Сунак и лабуристичката опозиција ја критикуваа министерката дека ја избегнување општествената контрола.
Извор од изборниот штаб на Трас објасни дека таа вече нема да учествува во телевизиски дебати бидејќи е фокусирана на освојување што е можно повеќе гласови и подготовка на следната влада.
Редовните членови на владејачката Конзервативна партија веќе извесен период избираат меѓу двајцата кандидати, а името на победникот ќе биде објавено на 5 септември.
Трас е фаворитот во изборната трка бидејќи има двоцифрена предност во анкетите. Букмејкерите даваат коефициент од 1,04 за нејзина победа (над 95 проценти веројатност), наспроти 11 за Риши Сунак.