Повеќе вработени во “Службен весник” на РМ вечерва се во состојба на проправност во очекување на владина седница на која се очекува да се донесат повеќе одлуки кои СДСМ планира да ги објави додека трае вонредната состојба или пак да бидат објавени евентуални одлуки кои се однесуваат на нова вонредна или кризна состојба, пишува скопски Курир.
Порталот, натаму пишува:
„Лидерот на СДСМ Заев утринава во Струмица ретерираше од ставот дека владата нема да бара нова вонредна состојба и најави владина седница на која може од претседателот Пендаровски да бидат побарани нови 3 дена вонредна состојба за изборите да бидат на 8 јули.
Заев и СДСМ но и претседателот Пендаровски кој според негови соработници бил крајно резигниран од односот на матичната партија и лидерот Заев влегоа во сопствена замка по вчерашната најава дека веќе нема потреба од вонредна состојба а денеска имаме рекордни 8 починати и 196 инфицирани.
Нејасно е како сега Пендаровски ќе објасни зошто ја продолжува вонредната состојба без да биде обвинет дека е “чирак” и злоупотребен од страна на Заев кој не се откажува од обидот да добие избори веднаш по секоја цена.
Во моментов врвот на СДСМ се обидува да најде излез од ќорсокакот во кој влезе во желбата за брзи избори, а за таа намена се потребни владини одлуки кои се очекуваат доцна вечерва.
Неколку правни експерти од Правниот факултет веќе одбиле да дадат свои предлози решенија за излегување од ќорсокакот а во игра најверојатно веќе не е ниту 8 јули за кој Заев зборуваше вчера.
Главната причина за тоа е што меѓународните монитори не можат да стигнат пред почетокот на кампањата која ако Заев инсистира на 8 јули треба формално да започне во вторник“, истакнува порталот.
Сепак, еден од главните проблеми што не го предвиделе владините умни глави е дека вонредната состојба престанува вечерва на полноќ, а според Уставниот суд, со тоа престануваат да важат владините уредби со законска сила, вклучувајќи ја и таа која вели дека изборните дејствија продолжуваат да течат по престанокот на вонредната состојба.
Од таа одредба во Уредбата, Владата и СДСМ го влечеа оној рок од 22 дена во кој по претсанокот на вонредната состјба треба да се одржат изборите. Но, ако престанува да важи Уредбата, престанува да важи и одредба, па нема рок од 22 дена утврден со закон (во овој случај со уредба со законка сила) туку има правно толкување, кое може и не мора да биде релевантно.
За да се спречи тоа, Пендаровски мора да прогласи нова вонредна состојба пред истекот на старата, бидејќи и да прогласи нова вонредна состојба по истекот на таа енда секунда по полноќ, претходните уредби престанале да важат, па Владата ќе мора да носи нови.
Колку се „бистри“, тие можат да смислат и дека и при промашен рок за воведување нова вонредна сотојба, ќе донесат една нова уредба сомкоја ќе прогласат дека сите уредби донесени во периодот од март од јуни одново важат. Но, и по иесктот на тие тридена нова вонредна состојба, пак ќше с енајдат во истата ситуација, ако не биде договорен датум за избори, па ќе мора да смислуваат нови правни ујдурми, на срам дури и на лаиците во правото (кои, впрочем, во МК, во најголемиот дел, ги има токму на правните факултети).