Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на Дебар се одвива непречено на сите 27 гласачки места во Општината, при што до 9 часот гласале 2,5 проценти од запишаните избирачи.

Споредно со првиот круг, излезноста до 9 часот е поголема за 0,75 процентни поени.

– До 9 часот правото на глас го остварија 480 граѓани, што е 2,5 отсто од вкупно запишаните 19.211 во единствениот избирачки список. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 342 гласачи или 1,75 отсто, информира потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска.

Таа додава дека изборниот ден минува без проблеми и како Комисија очекуваат така да биде до неговото завршување.