Премиерот на Албанија Еди Рама денеска беше во центарот на вниманието кога излезе да гласа со сопругата Линда, колку поради политичката порака што ја упати уште повеќе поради „стајлингот“ во кој дојде на гласањето. Тој носеше сако, панталони до колена и високи чорапи. Исто така и неговата сопруга Линда, ја изненади јавноста со својата облека.

Во Албанија денеска се одржуваат локалните избори, кои опозицијата ги бојкотира. Албанските граѓани ќе гласаат за избор на 61 градоначалник.