Опозицијата се обединува, СДСМ се раситнува ја очекува тежок дебакл, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Алтернатива направија договор за соработка против корупцијата и коалицијата СДСМ – ДУИ која ги уништува општините. Потребата од соработка е дотолку посилна поради лошиот правец во кој оди државата со СДСМ – ДУИ. Поразителните податоци на индексот на корупција во извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, лошите оценки и константи негативни рангирања на Економист, Херитиџ и други реномирани светски организации и медиуми се аларм дека се потребни промени. И додека опозицијата се обединува, СДСМ се раситнува. Коалицијата целосно им пропаѓа, се повеќе партии одат посебно, се повеќе луѓе од СДСМ истапуваат независно, се вели во соопштението.
Во СДСМ, се додава во истото, има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл.
-Сите прогресивни сили кои сакаат Заев и оваа лоша реалност да се смени треба да се обединат. Имаме јасна цел за јакнење на фискалниот капацитет на општините и градот Скопје, а потоа и зголемување на процентот на персоналниот данок на доход, како и на процентот кој од данокот на додадена вредност се префрла кон општините. Ќе спроведеме рамномерен регионален развој и ќе ја промениме во целост негативната реалност. Имаме план за развој, раст и инвестиции. Македонија мора да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе, се вели во соопштенеито од ВМРО-ДПМНЕ: