Во Северна Кореја денеска се одржуваат локални избори, а првпат во некои изборни единици имаат повеќе од еден кандидат, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Локални избори во Северна Кореја се одржуваат на секои четири години, кои се сметаат за формалност, бидејќи сите кандидати се избрани од владејачката Работничка партија на Северна Кореја.

Ќе се избираат нови членови на владините тела на ниво на провинција и град. Бројот на членовите на локалната власт пропорционален на населението во секоја област

Севернокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека тоа што во некои изборни единици има два кандидати не значи промената на изборниот систем и оти Северна Кореја ќе спроведе слободни избори во Северна Кореја.