Француското Министерство за вооружени сили ќе нарача 2.000 „камикази“ дронови од француско производство во наредните недели, а првите 100 од нив ќе и бидат доставени на Украина до лето, објави вчера францускиот министер за одбрана Себастиен Локарни.
-Одлучив да нарачам 2.000 „камикази“ дронови и за потребите на француската армија и за Украина, рече министерот за време на посетата на фабриката на производителот на дронови Делер во Лабеж, на периферијата на Тулуз.
Беспилотните летала „камикази“ се клучни за извршување на операциите и ќе можат да ги надополнат пушките Цезар, рече Локарни.
фото: МИА архива