Фудбалерот од средниот ред на Сасуоло, Мануел Локатели е блиску до трансфер во Јувентус. Клубот ја договори сумата на трансферот, која ќе изнесува 35 милиони евра, пренесува „Тутоспорт”.

Играчот ќе потпише договор со „бјанко-нерите” на Торино на пет години со плата од три милиони евра годишно.

Во последната сезона од италијанското првенство, Мануел одигра 34 натпревари, постигна четири гола и направи две асистенции.

Локатели исто така успешно настапи на Европското првенство 2020 година со италијанската репрезентација со која стигна до трофејот.