Тренерот на Арсенал, Микел Артета, рече дека неговиот тим заслужено загуби во првото коло во Англиското фудбалско првенство. „Топчиите“ синоќа беа поразени од новиот премиерлигаш Брентфорд со 2:0.

– Јас сум разочаран. Ја започнавме сезоната против добар противник. Мислам дека не заслуживме ништо друго. Ни недостасуваше присуство во казнениот простор. Првиот гол им даде надеж. Сакавме да одиграме подобро во второто полувреме, но ни требаат многу повеќе удари кон противничкиот гол. Кај противникот многу млади момци дадоа се од себе. За повеќето од нив, тоа беше прво прволигашко искуство – тоа кажува многу. Отсуството на Обамејанг и Лаказет? Не можам да го сменам тоа, знаевме за тоа уште пред натпреварот. Не знам дали ќе учествуваат на следниот натпревар, изјави Артета за „BBC Sport“.

Брентфорд игра во највисокиот ранг на англиската Премиер лига за прв пат од сезоната 1946/47.