Гласините дека Реал Мадрид мора да му ги исплати платите на досегашниот тренер Хулен Лопетеги до крајот на договорот не се вистинити, тврди „АС”.
Во јуни оваа година, баскискиот стратег потпиша тригодишен договор со Реал за кој требаше да заработи вкупно 18 милиони евра (шест милиони евра за сезона).
„АС” тврди дека директорот на Реал, Флорентино Перез си обезбедил клаузула и ќе му плати на Лопетеги само за шест месеци.
Ова значи дека Лопетеги ќе се спогоди за три милиони евра за неговото рано заминување од „Сантијаго Бернабеу”. Тренерот работеше само 139 дена и го водеше тимот на 14 официјални натпревари.
Ова не е првпат Перез да менува тренер среде сезона. Хозе Антонио Камачо си замина сам, а по почетокот на сезоната од обврските беа ослободени и Гарсија Ремон, Рафаел Бенитез и Вандерлеј Луксембурго.