После повредата на Матиа Калдара приоритет на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец.

Калдара кој ова лето пристигна на „Сан Сиро“ како големо засилување заработи повреда на ахиловата тетива и му следи пауза од неколку месеци.

Поради тоа „росонерите“ со сигурност ќе донесат нов дефанзивец во јануари, а последните информации од Италија тврдат дека би можело да се случи сензационално враќање на Тиаго Силва.

34-годишниот Бразилец оваа сезона не е незаменлив во ПСЖ, а и самиот никогаш не крие дека би сакал еден ден да се врати во Милан.

Тој е во одлични односи со спортскиот директор Леонардо и наводно му дал зелено светло за трансферот.

Доколку не успеат да го договорат овој трансфер „росонерите“ ќе се насочат кон Стефан Савиќ од Атлетико и Мехди Бенатиа од Јувентус.