Дончиќ стана најмладиот руки во НБА лигата, кој со само 21 година остварува просек од 20.4 поени, 6.4 скокови и четири асистенции по натпревар. Последен кошаркар кој имал слично вакво остварување е легегендарниот Мајкл Џордан, кој на истата возраст имаше одлични бројки зад своето име, а зад него се Лери Бирд (23 години), Карим Абдум Џабар (22), Оскар Робертсон (22).

Еден од најталентираните кошаркари во светот, Словенецот Лука Дончиќ (19), во првите седум натпревари во НБА лигата постигна 143 поени со што аналитичарите веднаш се фатија за работа.

Имено, најдобриот кошаркар во моментов, Леброн Џејмс, во својата дебитантска сезона во најквалитетната лига во светот на првите седум натпртевари уфрли 118 поени, што за 25 е помалку од остварувањето на Дончиќ.

Низ историјата многу Европјани се докажаа со својата игра во НБА лигата, како што е примерот со Дирк Новицки, По Гасол, Владе Дивац…, кошаркари кои ги срушија сите предрасуди кои Американците ги имаа за играчите од другата страна на Атлантикот.

Меѓутоа, во САД и понатаму со огромен скептицизам ги пречекуваат Европјаните, но ова може набргу да го промени токму младиот Словенец. Иако за него многумина се сомневаа, тој за еден месец ги придоби Американците со своите игри во дресот на Далас.

На Маверикс им се исплатеше „ризикот“ со донесувањето на Дончиќ, бидејќи тој стана најмладиот руки во НБА лигата, кој со само 21 година остварува просек од 20.4 поени, 6.4 скокови и четири асистенции по натпревар. Последен кошаркар кој имал слично вакво остварување е легегендарниот Мајкл Џордан, кој на истата возраст имаше одлични бројки зад своето име, а зад него се Лери Бирд (23 години), Карим Абдум Џабар (22), Оскар Робертсон (22).

Несомнено е дека се работи за огромен потенцијал кој лесно може да се спореди со останатите таленти кои пристигнаа во најсилната лига од НЦАА. Но, за разлика од нив, Дончиќ уште од сега има со што да се пофали, како МВП играч во Евролига, МВП на Европско првенство, шампион во Европа на клупски (Реал Мадрид) и репрезентативен план, со што ги надмина многу европски суперѕведзи кои своевремено беа дел од елитното друштво.