Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, на синоќешниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити беше исклучен во 86. минута.

За Рамос ова беше четврти црвен картон во елитното натпреварување со што се изедначи со досегашните рекордери Едгар Давис и Златан Ибрахимовиќ.

Воедно Рамос е единствениот фудбалер во Лигата на шампионите со директни три црвени картони.

Реал го загуби мечот со 1:2.