Во градот Рошфор во југоисточниот дел на Франција, почна невообичаено судење за петелот Морис, кој кукурика премногу гласно и многу рано, и поради тоа ги вознемирува соседите, кои поднеле тужба против сопственикот.

Пред судот се појави сопственичката на Морис, Корин Фесо,  која на новинарите пред судницата им рече, ако Морис знае да зборува, ќе кажеше: „Оставете ме на мира и дозволете ми да пеам”.

Морис лично не се појави на суд, но доби поддршка од други петли, бидејќи многу сопственици на добиток дојдоа пред судот со своите петлите за поддршка. Најгласната поддршка за Морис ја дадоа петлите Атила, Казанова и Жан-Рене, информираат нивните сопственици.

По кратката расправа, судот објави дека конечната одлука ќе биде донесена на 5 септември и дека е можно да „помирување” со соседите и Морис.

Соседите, неколку пензионери, одлучија да поднесат тужба, бидејќи, како што велат, неколкупати ја предупредиле Корин Фесо некако да го замолкне петелот.