Туристите нема да можат повеќе да ги разгледуваат знаменитости во Париз возејќи се со автобуси. Локалната самоуправа на градот стави крај на десетиците панорамски автобуси, кој секој ден преминуваат по улиците на градот.

Заменик-градоначалникот Емануел Грегоар го објави планот на Париз за забрана на овие автобуси да влезат во градот.

„Не сакаме повеќе во градот да се движат туристички автобуси, како досега, бидејќи владее целосна анархија. Ќе назначиме паркинг места надвор од Париз, за ​​да може автобусите да не влегуваат и да запираат таму. Тие повеќе нема да се добредојдени. Туристите можат да се движат со јавниот превоз, како локалните жители “, изјавил Грегоар, кој предложи туристичките водичи да ги водат групи и да користат велосипеди или да одат пешки.

Одлуката е дел од планот на градот да се справи со прекумерниот прилив на туристи.