Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике негираше дека се скарал со ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе. Напаѓачот синоќа на натпреварот против Нант беше оставен на клупата, а по неговото појавување на теренот реализираше пенал за конечни 2:0.

Многумина одлуката на Луис Енрике ја поврзаа со веста дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната, но стручњакот рече дека причината е поинаква.

– Мбапе? Одлично се согласуваме со него. Воопшто нема никаков проблем. Сакавме да направиме некои ротации во составот. Добро е навивачите да ги видат сите играчи кои се вклучени и придонесуваат. Добро се браневме и одзедовме многу топки“, изјави шпанскиот тренер по мечот.

Мбапе има 31 гол во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото: Фејсбук/ПСЖ