Владата ја именуваше Сања Лукаревска за директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), соопшти владината-прес служба.

Со ваквата одлука Владата денеска го разреши в.д. директорот на УЈП Фарук Омери, откако Лукаревска денеска си поднсе оставка од пратеничката функција во Собранието.

„Со друга одлука Сања Лукаревска е именувана за в.д. директор на Управа за јавни приходи“, соопштија од прес-службата на Владата.

Лукаревска заедно со Мухамед Зекири од СДСМ, Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ и Бајрам Реџепи од ДУИ последниве два дена си поднесоа оставки.

Тие не ја образложи својата оставката пред колегите пратеници.

За нови пратеници во Собранието беа именувани Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, и Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска од Коалицијата „Можеме“, потврди Државната изборна комисија на денешната седница.