Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на ескалацијата на тензиите, објави државната новинска агенција „Белта“.

Според Агенцијата, Лукашенко рекол дека двете земји ќе распоредат регионална воена група чие оформување почнало пред два дена, очигледно по експлозијата на мостот на Крим.

– Сето тоа е според нашите документи. Ако заканите го достигнат сегашното ниво, почнуваме да ја користиме државната унија, изјави Лукашенко, а пренесуваат руските медиуми.