Општина Карпош се подготвува за голема роденденска прослава по повод 50 години од своето постоење. Подготовките за утрешниот настан се во полн ек, а сцената и просторот на платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ се уредуваат за музичката вечер.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува заедничката посветеност на организирање и реализација на културни, спортски и забавни настани.
По повод јубилејот, тие упатија покана до сите граѓани да бидат дел од роденденската прослава.
Музичката програма ќе започне во 20 часот со настапот на групата SEMPRE, додека во 21 часот публиката ќе има можност да ужива во настапот на Кирил Џајковски.
Настанот ќе се одржи на платото пред СЦ „Борис Трајковски“, а од Општина Карпош најавуваат вечер исполнета со музика, забава и заедничко одбележување на големиот јубилеј.
50 години Карпош – славиме заедно!




