Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ќе го продолжи договорот со клубот, објави „The Sun“.

Според британскиот медиум, 27-годишниот Французин ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ со важност од пет години.

Се наведува дека надминати се недоразбирањата и играчот повеќе не сака да го напушти клубот.

Во сезоната 2019/20, Погба одигра 15 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна еден гол и забележа четири асистенции. Францускиот фудбалер го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот.